Во Србија нови 54 заразени, за два дена масовно тестирање
Во Србија во изминатите 24 часа, од 94 новотестирани позитивни на коронавирусот се 54 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 301 лице, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Златибор Лончар.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, во вкупната бројка не се вброени 13 лица кои се излечени од оваа заразна болест, кажа Лончар, кој додаде дека 27 лица се веднаш сместени во болниците во Србија или вкупно во болниците се лечат 152 лица, од кои 21 лице е ставено на респиратор и се наоѓа во тешка здравствена состојба.
-Од нив, осум лица се наоѓаат на лекување на Инфективната болница во Белград, пет се во Ниш, а по четири лица се во Нови Сад и Крагуевац, изјави Лончар.
Според Лончар, со одлука на струката и кинеските експерти, Србија во наредните два-три дена ќе премине на новиот метод на борбата против коронавирусот, за масовно тестирање, што ќе биде овозможено во сите Домови за здравство во Србија.
-Во Србија досега се евидентирани три смртни случаи, од кои два случаи имале тегоби предизвикани од заразата, додека еден пациент немал такви тегоби. Најголем број на заразени во Србија во просек имаат над 50 години, кажа епидемиологот Предраг Кон, кој додаде дека Србија оди во насока сите заразени да бидат изолирани.
Вучиќ најави и масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, кое ќе започне најдоцна до четврток.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид