Македонија
12. March 2025 - 12:23

Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија

Дарувањето крв и понатаму останува доминанта активност на стурмичкиот Црвен крст. Голем е борјот на крводарители кои учествуваат во акциите на ова организација. Меѓу нив е и Тимо Комаров кој досега крв има дарувано 62 пати. За него, дарувањето крв не е само хуман чин, туку и духовно задоволство, бидејќи му дава поинаква смисла во неговиот живот.

Цели 40 години дел од оваа организација е и примариус доктор Васил Тунев. Започнал како волонтер, а денеска е на чело на општинската организација. Доколку може да се врати назад, повторно би го направил истото. Вели условите денес се многу подобри за работа, а со тоа и можностите да се помогне на некого многу поголеми, посебно преку проектите што се реализираат.

Во моментов во општинската организација на Црвен крст во Струмица се реализираат голем број проекти во кои се вклучени близу 800 волонтери. Резултатите од нивното работење беа презентирани на посебна свеченост со која струмичкиот Црвен крст се приклучи кон одбележувањето на јубулејот 80 години Црвен Крст на Македонија.