Loading Video...
Свет
20. May 2020 - 12:44

Во светот заразени се 5 милиони луѓе, а досега починале над 320 илјади од корона вирусот

Со корона вирусот во светот се заразени 5 милиони луѓе, а досега починале над 320 илјади лица. Ново светско жариште станува Бразил кој дневно почна да бележи над илјада жртви.

Германија бележи раст на бројот на заразени, и последните 24 часа се регистрирани речи 800 нови случаи, а 83 лица починале од последици од Ковид-19.  Досега од коронавирус во Германија починаа над 800 луѓе.

Во Италија последната статистика бележи 162 жртви од вирусот.

Четворица заболени работници од центарот за дистрибуција на пратки во австриската престолнина Виена не го почитувале карантинот и продолжиле да работат, па така заразиле други 158 лица со корона вирусот.

Директорот на Светската банка, Дејвид Малпас, предупредил дека пандемијата коронавирус ќе стави 60 милиони луѓе во екстремна сиромаштија.

Нашата проценка е дека околу 60 милиони луѓе ќе бидат зафарени од екстремна сиромаштија која што ја поништува борбата пртив напредувањето на нациите во претходните три години.

Според дефиницијата на Светската банка, екстремната сиромаштија подразбира живот со помалку од 2 долари во џеб.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе престави друг план за обнова на економијата во Европа. Планот ќе биде изготвен во соработка со Холансија, Данска и Шведска.

Легитимен е предлогот на Франција и Германија, но верувам дека економијата во Европа може да се стимулира, а истовремено да избеме обединување на долговите. Одлуката мора да ја донесат сите членки на ЕУ...

Планот н Меркел и Макрон предвидува ЕУ да основа фонд за обнова на економијата во вредност од 500 милијарди евра, кои најмногу би ги користеле најпогодените земји.