Во тек конкурс за прием на воени пилоти

Центарот за обуки на пилоти денеска во Домот на Армијата во Скопје одржа презентација на обуките за пилоти која, како што рече капетанот Борче Манев, има цел да ја доближи пилотската професија до младите луѓе.
- До сега се соочувавме со неинформираност на младите и имавме слаб одзив на конкурсите. Затоа сега се одлучивме на ваква интензивна кампања со која што ќе ги запознаеме луѓето и ќе добијат достапни информации, истакна Манев.
Капетанот Манев, кој воедно е и инструктор по летање во Центарот, потсети дека во тек е конкурсот за прием на воени пилоти при Министерството за одбрана, а ќе трае до 3 март оваа година.
Најави дека следниот месец ваква презентација ќе се организира и во Центарот за обука во касарната „Страшо Пинџур“.
На презентацијата присутните ги поздрави директорот на Центарот за обука на пилоти, Јаари Шрага, а мотивациони предавања и презентации извршија наколку инструктори.
Денешниот настан од досега организираните, според капетанот Манев, е најпосетен, а очекувањата се дека околу 300 момчиња и девојки ќе покажат интерес за воени пилоти во АРМ.
За пријавување на конкурсот младите треба да имаа завршено високо образование, да имаат познавање на англиски јазик и да бидат државјани на Република Македонија.
Во однос на критеруимите при изборот за запишување на кандидатите на стручно оспособување и усовршување на кандидати со завршен прв циклус на студии за офицери од родот авијација за потребите на Министерството и на Армијата покрај општите и посебните услови, при почетното рангирање, ќе се земе предвид општиот успех на кандидатите од првиот циклус на студии и проверката на физичката подготвеност.
При приемот на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Министерството и на Армијата, ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на заедниците.
Ново на Сител
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
-

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
-

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем
-

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО
-

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
