Во тек се разговори за вакцината „Спутник В“, вели Филипче
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека е потпишан договорот за набавка на руската вакцина „Спутник В“, а од вчера течат и разговорите со производителот. За да се забрза набавката на вакцините се ангажирал и рускиот амбасадор во нашата држава Сергеј Александрович Баздникин, соопшти Филипче.
-Покрај разговорите за кинеската вакцина и вакцините на „Фајзер“, сега течат и преговорите и за „Спутник В“, рече Филипче, додавајќи дека за „Синофарм“ и „Фајзер“ во тек се финалните прашања. Но, како што рече, треба да се остави малку резерва, оти досега се покажало дека производителите секогаш имаат дополнителни прашања.
Тој информираше дека досега се вакцинирани околу 2000 здравствени работници, кои работат со ковид-пациенти.
-Завршена е вакцинацијата на вработените во здравствените установи во Скопје. Сега продолжува и во другите болници низ државата. Следуваат вработените во лабораториите, каде се дијагностицира коронавирусот, потоа ќе бидат вакцинирани матичните лекари и дел од стоматолозите на клиника. Со што ќе биде заокружена бројката од 4000 здравствени работници кои работат со ковид-пациенти, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања