Во тетовскиот Основен суд треба да продолжи судењето за пожарот во модуларната болница
Денеска во 10 часот во Основниот суд во Тетово треба да продолжи главната расправа од судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени. Судењето почна пред три недели, на 7 декември, откако од септември па до овој месец, почетокот на судскиот процес беше одложуван.
Пред 20 дена до одложување дојде поради несогласување на бранителите на сите обвинети околу презентацијата на доказите од страна на Јавното обвинителство. Тие бараа обвинителот „да ги чита сите докази“, наместо, како што рекоа, „да ги цитира само насловите“. Воедно имаа забелешка дека дел од насловите не се содржани во листата на докази кои Обвинителство ги доставило до Судот.
Претходно на самиот почеток обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница Тетово, како правно лице, по прозивката на судијата истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.
До судење дојде откако на 27 јули 2022 година Обвинителството поднесе обвинителен предмет до Основниот суд – Тетово. Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинженер и
Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој биле приклучени дефибрилатор – апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.
Ново на Сител
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
