Во Велес до 19 часот излезност од 48,28 отсто, Општина Градско со 54,86 и Општина Чашка со 57,7 проценти
Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список до 19 часот гласале 48,28 отсто или 22 203 гласачи на 84 избирачки места во Општина Велес.
Како што информираат од ОИК, на сите 84 гласачки места гласањето се одвива во мир и демократска атмосфера и без инциденти.
Во Општина Градско од вкупно 3136 гласачи на 11 избирачки места до 19 часот на гласање излегле 54,86 проценти или 1721 гласач.
Како што информира за МИА Елена Смилкова, член ОИК Градско, на сите избирачки места гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера и без инциденти.
– Во Општина Чашка од вкупно 6 101 гласач на 30 избирачки места до 19 часот гласале 57,7 проценти од гласачите или 3512, информира Марјан Јовановски, претседател на ОИК Чашка.
Тој посочи дека во сите избирачки места во Општина Чашка, изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера и без инциденти.
Воедно од сите ОИК – Велес, Градско и Чашка ги повикуваат граѓаните кои се уште не гласале да го остварат своето граѓанско право на глас на избирачките места, кои се отворени до 21 часот вечерва.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево