Во Велес концерт „Македонски ноктурна“ одржа пијанистката Ема Попивода

Пијанистката со светска слава Ема Попивода синоќа пред велешката публика на малата сцена во Народниот театар го изведе концертот „Македонски ноктурна“ од програмата на Димитрије Бужаровски.
Беа изведени композиции базирани на македонските народни песни „Калеш Анѓо“, „Во влашкото маало“, „Сечи моме руси коси“, „Јовано Јованке“...
Композициите се напишани во пијанистички стил на Шопен и Лист, но музиката е разбирлива и лесно прифатлива за слушање за публиката заради препознатливите теми од македонските песни.
- Каде и да сум ги свирела овие композиции и во Њујорк, и во Токио и во Лондон ,луѓето иако не ги знаат песните многу емотивно и со воодушевување ги прифаќаат и со восхит се однесуваат кон македонската музика, појасни пијанистката Попивода.
Информира дека во Велес свирела неколкупати, но првпат во оваа мала концертна сала на Народниот театар од која, како што рече, е одушевена и и било чест и задоволство да свири на оваа сцена, бидејќи изгледа како една современа концертна сала и има солиден клавир што е многу важно за еден уметник.
- Оваа концертна програма со композициите од Димитрије Бужаровски ја подготвував повеќе од една година заради тоа што композициите се комплексни и бараат добра техничка и музичка подготвеност. Со овој концерт настапував буквално во цел свет, во Њујорк, Токио, Лондон, Рим, Будимпешта, Брисел, Гдањск. Настапив со оваа програма затоа што луѓето во светот бараат да слушнат нешто ново. Публиката на моите настапи се воодушевуваат од специфичноста на нашата македонска музика која е навистина многу убава и допира до срцата на сите слушатели, па и до оние кои не ги познаваат овие композиции, рече пијанистката Попивода.
Концертот во Велес се одржа во рамки на мини концертната турнеја на пијанистката Ема Попивода во рамките на манифестацијата Нов културен бран 2018 со поддршка на Министерството за култура.
Инаку по Скопје, Охрид и Велес на 28 септември, таа ќе одржи концерт и во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.
Ново на Сител
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
