Во Велес паднати две бандери на различни локации, нема повредени

Камион денеска околу 10 часот додека се движел во Градскиот парк во Велес, ги закачил жиците од бандерата и ги откорнал, заедно со бандерата. Нема повредени лица.
За случката службите на ЕВН ги известиле атлетичари и граѓани кои рекреираат на патеката во Градскиот парк. Екипи на ЕВН Велес брзо излегле на терен ја подигнале бандерата и ги поврзале повторно жиците.
Велешките атлетичари и рекреативци се револтирани поради поминување на возила и камиони на патеката за трчање и рекреација во Градскиот парк. Тие со години наназад од локалната власт бараат да се забрани секакво поминување на возила низ Градскиот парк, а полицијата да ги казнува несовесните кои им го реметат мирот и им ја загрозуваат безбедноста во паркот.
Втората бандера беше падната денеска околу 11.40 часот на улицата „Павел Шатев“ бр.44 во Велес, а нема повредени, информираат за МИА од Центарот за управување со кризи Велес.
Тие појаснуваат дека биле известени екипи на ЕВН кои работеле на отстранување на паднатата бандера и поврзување на електро мрежата.
Инаку оваа бандера била падната на излезот од Новиот дел на градот над „Тунелот“ во близина на објектот на ЈКП„Дервен“.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
