Македонија
18. January 2021 - 14:21

Во велешката болница тројца оздравени од Ковид-19, еден починат

 

Во Општата болница во Велес вкупно хоспитализирани се 38 пациенти од кои 29 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни, а седум имаат негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти, информира портпаролот на болницата, д-р Елеонора Јованова.

На Инфективно одделение со 54 кревети има 31 пациент, а на Интерно Б крак седум пациенти кои се лекуваат со последици по прележан Ковид-19.

Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Починат е еден пациент на 79 – годишна возраст, лекуван два дена на Инфективно одделение.