Во воените зони живеат 250 милиони деца, стотици илјади се деца војници
На 21 февруари во Париз ќе се организира конференција, на која меѓународната заедница сака да предупреди на судбината на 250 милиони деца кои живеат во воените зони и да упати повик за донации, најави француското Министерство за надворешни работи.
Како што пренесува агенцијата Фена, конференција ќе ги собере земјите потписнички на Париските принципи и обврски, пописот на насоки што треба да се усвојат заради заштитата на децата, а кој беше потпишан пред десет години.
Присутни ќе бидат и бројни невладини организации, како и деца војници, кои ќе сведочат за своите искуства.
- Влијанието на судирите врз децата е потешко и поразнообразно од кога било претходно, предупреди Жан-Пјер Лакроа, функционер на француското Министерството за надворешни работи задолжен за меѓународните организации, пренесе Хина.
„Во некои земји постои феномен на регрутирање деца војници со високи бројки, или повеќе од 17.000 во Јужен Судан, околу 5.000 во Сомалија, повеќе од 1.000 во Јемен“, истакна Лакроа.
Конференцијата ќе биде и шанса да се упати повик за донации.
- Потребите изнесуваат 3,3 милијарди долари, од што 1,4 милијарда се потребни само за Сирија, процени Себастиен Лион, главниот директор на УНИЦЕФ во Францијај.
УНИЦЕФ на терен работи на ослободувањето на децата војници. Од 2000 година се „ослободени околу 100.000 деца“, се наведува во податоците на оваа организација, пренесе Хина.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе