Вонредна прогноза на УХМР: Вечерва нова снежна покривка низ Македонија

Под влијание на студена и не многу влажна воздушна маса, денес и утре времето ќе биде облачно со локални врнежи главно со слаб интензитет. Денес врнежите ќе бидат од снег на планините и на повисоките места, а на пониските места од дожд, но до крајот на денот ќе преминуваат во снег на сите надморски висини, особено во северните делови.
Утре врнежите ќе бидат претежно од снег, освен во пониските подрачја на југот. До утре вечер повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка.
Формирање на мала снежна покривка е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава.
Во Скопската котлина не се очекуваат многу врнежи, но ќе бидат претежно од снег, особено во текот на утрешниот ден.
Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западни делови.
Во останатите региони преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми. Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и
во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег.
Ново на Сител
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
-

Терористички напад во Сиднеј: Најмалку 12 мртви на плажата Бонди за време на прославата на Ханука
