Свет
12. August 2020 - 20:31

Вооружен инцидент во Ница

Вооружена жена пред да биде совладана и уапсена од страна на општинската полиција во Ница, успеала да истрела неколку куршуми во нивна близина.

– Вооружена жена која на неколку пати стрелаше во близина на општинските полицајци и недалеку од полициската станица на плоштадот Саетоне во Ница, според видеото објавено од пратеникот Ерик Циоти на неговиот профил на Твитер.

Таа беше совладана на спектакуларен начин од неколку општински полицајци.

Според Радио Франс Блу, оваа жена е на возраст од педесет години и со себе носела пиштол од типот „Берета“, во кој имало само куршуми без зрно.

Додека весникот „Ница Матин“, жената испукала неколку истрели во воздухот откако нишанела во општинските полицајци.

Франс Блу прецизира дека оваа жена има ментални проблеми.

Според очевидци таа ги предизвикувала полицајците извикувајќи: Стрелајте, немам што да изгубам.

-Благодарение на смиреност, храброст и искуство, нашите општински полицајци успеаја да ја неутрализираат вооружената жена и овозможија да се избегне драматичен исход. Горд сум на мажите и жените на нашата општинска полиција во Ница , коментираше градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, исто така на Твитер.

Општинската полиција во Ница е вооружена со оружје од категорија Б. Градот Ница беше тешко погоден од терористичкиот напад на 14 јули 2016, кога беа убиени 86 лица, додека 458 беа повредени од терористот кој со камион влета во насобраниот народ.