Вооружените сили на САД нападнаа две цели во Сирија како одговор на „тековните напади“
Вооружените сили на САД синоќа нападнаа две локации во источна Сирија што ги користеа Корпусот на гардата на Исламската револуција и групи поврзани со Иран како одговор на „континуираните напади“ против американските војници во Ирак и Сирија, јави ДПА.
– Нападите погодија центар за обука во Абу Камал и скривалиште во Мајадин во источната провинција Деир ез-Зор, нагласи американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во соопштение.
САД извршија слични напади врз цели во источна Сирија во октомври и претходно во ноември.
Во последниве недели, проирански групи ги засилија нападите врз американските воени бази во Сирија и Ирак како одговор на воената кампања на Израел во Газа.
Безбедносната ситуација во целиот регион е особено тензична од 7 октомври, кога борците на Хамас извршија смртоносни напади во јужниот дел на Израел, наведува ДПА.
Израел одговори со моќна воздушна и копнена офанзива во Газа.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
