Македонија
9. February 2018 - 15:15

Воспитувачката која истепа дете во скопска градинка и понатаму оди на работа, нема докази против неа

Воспитувачката од градинка во скопски Аеродром, која беше обвинета од страна на родителите дека го истепала нивниот син и понатаму оди на работа, потврди градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.

Инспекциските служби и Министерството за труд и социјала немаат докази за утврдување на вината на воспитуваачката и поради тоа не може да биде прекинат нејзиниот работен однос.

Министерката Царовска посочи дека сега на ред е полицијата.

Овој случај во полиција го пријави мајката на детето кое беше повредено од страна на воспитувачката.