Македонија
5. March 2020 - 15:10

Возач на ЈСП физички нападнал малолетник - полицијата го расчистува случајот

Вчера во 08.00 часот во СВР Скопје, К.Б.(43) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на 03.03.2020 околу 19.20 часот во близина на спортски центар „Хиподром“, во автобус бр.63, кој сообраќал на релација н.Илинден – н.Автокоманда, неговиот 15 - годишен син бил физички нападнат од возачот на автобусот.
 
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.