Возел мерцедес со пробна возачка и ги покосил најдобрите пријатели: Загина Стефан (25), повредени уште две лица
Стефан Митиќ (25) од Малошиште несреќно загина ноќеска околу 2 часто по полноќ кога се враќал дома од саботното излегување. На него на регионалниот пат Дољевац - Ниш, со мерцедес налета возачот Л.Т. (20).
Трагично загинатото момче бил во друштво на пријателот Стефан Стаменковиќ (21) и другардката Јулија Ранѓеловиќ (18) кои се здобиле со полесни телесни повреди. И двајцата по прегледот во нишкиот клинички центар се пуштени на домашно лекување.
Тие тројцата се движеле покрај коловозот кога Л.Т., според сведочењето на луѓе, пред куќата на Стефан во Малошиште, налетал на него од зад грб, а возел во правец кон Ниш.
-Му немаше спас во тие моменти. Не беа ниту пијани ниту бесни па да лудуваат на патот. Оден по коловозот зоште нема друг пат. Покрај патот има грмушти па одеа по самиот раб. Стефан и Јулија тргнале да го испратат другарот дома и да тргнеле само 15 минути порано или подоцна оваа трагедија немаше да се случи. Возалот на мерцедесот „леташе“ по нашиот регионален пат. Тука е слаба видливоста и опасно е и дење, а посебно ноќе. Судбина беше Стефан прв да оди по колозовот и така загина, раскажуваат мештаните кои во неделата дојдоа кај неговото семејство да изразат сочуство.
Според нивните наводи, возачот возел многу брзо по тој дел од патот, најверојатно со 100 или 130 км. на час, што треба официјално да го утврди истрагата.
Во куќата на Митиќ владее неопислива тага по момчето. Мајката на загинатото момче едвај говори, со очи полни солзи.
-Двајцата Стефани беа најдобри пријатели. Работеа заедно во една автомеханичарска работилнциа. Стефан беше момче за пример во Малошиште, не можам да сфатам дека го нема повеќе, говорат нивните пријатели, а мајката ги потврдува нивните зборови.
Полицијата и заменикот јавен обвинител во Ниш извршија убди и се работи на утврдување на причината за несреќата. На возачот му е одредено задржување во полциија од 48 часа под сомнение дека сторил тешко дело против безбедноста во сообраќајот. Тој ќе биде сослушан во обвинтелствоот.
Бил познат по несовесното возење, возел со пробна возачка?
Во Малошиште тврдат дека Л.Т. често несовесно возел автомобил и сите му се тргале од патот кога тој поминувал. неофицијално, возачот Л.Т. во моментот на несреќата, мерцедесот го возел со пробна возачка дозвола, што значи дека ноќе не смеел да вози.
Ново на Сител
-
Попладнево ќе возат само 25 автобуси на ЈСП кои се на гас, другите немаат нафта
-
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември
-
Шеф на украинската дипломатија Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир, а не да го бараме тоа од него
-
По САД уште три земји ја запреа работата на своите амбасади во Киев
-
Околу 50 земји во ОН ја потврдија својата поддршка за Украина
-
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
-
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери
-
Комити бараат смена на раководството на Вардар, незадоволни се од однесувањето на Неделковски