Македонија
24. March 2023 - 16:29

Вработените во Култура на протест бараат поголеми плати

Вработенитево културата со оптимизам и аплауз влегоа во Министеството за финансии, но поголеми плати не добија. 

Не биле примени лично, им било побарано официјално да се најават кога ќе доагаат следниот пат. Вработените од Министерство за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм бараат повисоки плати, велат дека се деградирани во однос на другите министерства  и институции. 

Речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.

Работниците во овие три институции  бараат покачување за околу 30 проценти по примерот на вработените во Министерството за финансии.

Синдикатот најави дека од понеделник секој ден ке одржуваат мирни проести пред Министерството за финансии од 10 до 11 часот се до исполнување на нивните барања. 

Од Министеството за финансии денеска со соопштение дека работат на решение за одржлива и долгорочна методологија за платите во целиот јавен сектор.