Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
Обвинетите кои работеле во министерството за економија, а имале надлежност околу издавањето на лиценците за Пулс, на денешното судење кажаа дека имале само канцелариска работа, но не и надлежност да проверуваат на терен дали некој објект ги исполнува условите да добие лиценца.
Незадоволни од обвинението кое според одбраната е неиздржано, еден од адвокатите го праша обвинителот од Кочани зошто тие не постапиле 13 години по допрен глас дури работела импровизираната дискотека?
Ниту еден од поранешните вработени во ДПИ пак не сметаше дека поради нешто што сториле или не сториле, директно го предизвикале пожарот во Пулс.
Обвинетата инспекторка се бранеше дека кога вршела увид во 2012 година, кабарето имало услови за работа и прием на 170 гости. Раководителот во ДПИ пак кажа дека постапувал само по наредба на директорот, а директорот не му дал упатство да прави инспекција во кабариња и дискотеки од 2017тата година.
На поранешниот административен работник во економија, кој е обвинет за пимање мито за издавање лиценца, му е укинат притворот со имотна гаранција која ја приложил од 600.000 евра.
Следното рочиште продолжува со воведни зборови на двете обвинети фирми и обвинетиот Александар Нацев, по што ќе следи и сведочење на сведок предложен од Обвинителството.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
