Вработените во УЈП бараат потпишување на новиот Колективен договор за повисоки плати или најавуваат штрајк
Вработените во Управата за јавни приходи, денеска, со протест пред Министерството за финансии, го изразија незадоволството од недавањето согласност од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими за потпишување на новиот Колективен договор за покачување на нивните платите.
Претседателот на Синдикалната организација „Солидарност“ при УЈП, Васе Неданоски, изјави дека изготвен е нов Колективен договор во кој се утврдени неопходните права потребни за функционирање на управата, меѓу кои е и правото на зголемување на платите кое е одобрено со член 66 од Законот за буџети.
-Таквата содржина на договорот беше прифатена од двете страни и беше испратена до Министерството за финансии на одобрување, истакна Неданоски додавајќи дека со цел да се направи компромис во врска со договорот вработените на УЈП се откажале од некои финансиски права.
Од Управата за јавни приходи предупредуваат дека доколку не се потпише Колективниот договор со кој се овозможуваат 30 отсто повисоки плати на вработените следен чекор им е радикален штрајк, кој како што нагласи Неданоски, ќе биде во штета на целата држава.
Ново на Сител
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
