Македонија
28. February 2021 - 16:50

Вратен капарот за кинеските вакцини, министерството тврди дека договорот не е откажан

Вратени се парите од авансната уплата за кинеските вакцини. Министерствто за здравство за Сител потврди дека на барање на кинеското Министерство за надворешни работи повлечени се средствата. Не била усогласена документацијата помеѓу нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Сепак, од кабинетот на Филипче велат дека вакцините не се откажани.

Од првичната најва до сега поминаа неколку месеци во кои се даваа различни најави и прогнози за пристигнување на вакцините. Во меѓувреме беше активиран и сајтот за пријавување интерес за имунизација иако вакцини нема. Најпрво беше најавено дека се преговара со кинеската Синофарм, па бројот на нарачани вакцини во првата пратка, па најава за потпишување на договор, па доцнење на датумот за што секојдневно граѓаните добиваа различни информации и од министерот за здравство и од премиерот.

Коалициониот партнер во владата Али Ахмети смета дека се неопходни вакцини за да почнеме со нормално живеење.

Од ВМРО-ДПМНЕ кои вчера обелоденија дека е вратен авансот за кинеските вакцини, порачуваат дека освен политичка власта ќе треба да сноси и кривична одговорност за не постапување бидејќи вакцини иако има во цел свет тие се уште не обезбедиле.

По растот на бројот на заразени, граѓаните сметаат дека не се потребни нови рестриктивни мерки туку вакцини. Тоа што имунизацијата доцни им предизвикува поголем страв за своето здравје.

Освен кинеските, властите најавуваа дека во февруари ќе стасаат и првите дози кои беа директно договорени со Фајзер, а веќе во март производителот требаше да ја дуплира пратката.

Засега во земјава се пристигнати само донираните вакцини од Србија.