Македонија
21. September 2021 - 21:16

Вреди ли Кодексот за фер избори што пред секои избори го потпишуваат партиите?

„Ова се локални избори кои треба да претставуваат борба на идеи и концепти, а не полигон за дисквалификација на било кој кандидат, од било која политичка опција“. Ова се зборовите на Горан Сугарески, кандидат за градоначланик на Прилеп на владејачката СДСМ кој отворено застана во одбрана на својот противкандида Јовчвски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој на Фејсбук доби закана од наводен поддржувач на СДСМ или да ја повлече кандидатурата или следува трагедија или убиство на неговиот син.

Ова можеби ќе биде најекстремниот пример на црна пропаганда за овие локални избори, но имајќи ја предвид македонската политичка сцена многу веројатно и единствениот пример во кој политичките учесници отворено и на дело ќе застанат против нејзе.

Партиите веќе отворено си најавуваат меѓусебни кривични пријави објавувајќи наводни незаконски постапувања за дел од против кандидатите, а на улиците пак, се објавени и билборди иако официјалната кампања не е ни почната.

Дали ова е сликата за фер и демократски избори?  Улесниците на изборите веќе со години потпишуваат кодекс за за изборите, а од пред некое време тој е и законска обрврска.  Тоа партиите ќе го направат и за овие избори непосредно пред почетокот на кампањата, наредниот понеделник.

Главните актери со својот потпис се обрврзуваат дека „ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите“.

Самиот кодекс обично почнува со реченицата „Избори кои се фер и демократски и ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење придонесуваат за демократски развој на општеството“.

Првата антикорупцинерка Ивановска вели дека почитувањето на Кодексот зависи од политичката култура на учесниците од изборите, но и дека граѓаните мерат како тие се однесуваат. Таа ги охрабрува граѓаните да пријавуваат какви било злопотреби во текот на предизборието.

На локалните избори потврдено е учеството на вкупно 303 кандидати за градоначланици и 567 советнички листи. Државната изборна комисија денеска со ждрепка го утврди нивниот распоред на гласачакотот ливче. Поради различните комбинаторики на коалициите во секоја општина и големиот број на независни листи има дури 118 позиции.