Втор случај на мајмунски сипаници во Грција
– Во Грција е потврден вториот случај на мајмунски сипаници кај 47- годишен маж кој неодамна патувал во Шпанија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), соопштија дека станува збор за втор увезен случај на болеста во земјата, а мажот е хоспитализиран и е во стабилна состојба.
Објаснуваат дека првиот тест за „non-variola orthopox“, вклучително мајмунски сипаници, бил позитивен, а примероците биле испратени и во Лабораторијата за микробиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун за потврда на вирусот.
Во соопштението од ЕОДИ истакнуваат дека „според досега достапните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација и понатаму е ниска, бидејќи болеста е обично блага и се карактеризира со релативно ниска преносливост“ и додаваат дека информирањето за случаи на мајмунски сипаници во земјата ќе се врши на седмично ниво, секој четврток.
Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше потврден во средата кај маж кој неодамна патувал во Португалија.
Ново на Сител
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
