Вучиќ: Можни се предвремени парламенатарни избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пред новинарите изјави дека е можно одржување на вонредни парламентарни избори, доколку опозицијата толку „жестоко ги посакува".
Притоа, тој ги повика политичките противници уште еднаш да размислат дали ќе одат на избори или не.
- Ако толку силно ги сакаат, може да има избори, само потоа да не плачат или да викаат дека Свети Петар им е виновен зошто изборите ги изгубиле, истакна Вучиќ.
Српскиот претседател, кој беше во посета на Панчево, коментирајќи ги барањата на опозицијата за избори, додаде дека „нема ништо против доколку опозицијата подобро се чувствува ако секоја година доживува пораз“.
На новинарско прашање кои се причините што Томислав Николиќ не присуствувал во саботата на одбележувањето на девет годишнината од формирањето на партијата, тој кратко одговори дека за тоа треба да го прашаат лично Николиќ.
Во српските медиуми деновиве се појавија шпекулации дека поранешниот претседател Томислав Николиќ и основач на СНС размислува да формира нова партија, идеја што тој засега ја демантира.
Ново на Сител
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
-

По пет години затвор добија тројца турски државјани, кои помагаа во извршување на убиство во Штип
-

Осомничениот за убиството во Старо Нагоричане е во затвор Куманово
-

Тошковски: МВР делува неселективно еднакво спрема сите етникуми и навивачки групи
