Балкан
25. January 2019 - 14:07

Вучиќ: Не верувам дека таксите лесно ќе се укинат

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази денес резерва на сигналите од Приштина за евентуалното укинување на таксите од сто отсто на производите од Србија.

Тој оцени дека притисокот од меѓународната заедница расте во таа насока, но исто така потсети дека Приштина досега повеќе пати покажала дека не се  држи до договорот и дека искуството го научило дека на албанските функционери не може да им се верува.

-Треба да продолжиме да разговараме, без оглед на тоа што знаеме дека навистина не можеме да имаме доверба. Не верувам дека лесно ќе ги укинат даноците, но се надевам дека сепак ќе го сторат тоа. Мислам дека притисокот врз нив станува сé поголем, изјави Вучиќ за новинарите во Давос.

Тој додаде дека во меѓународните организации, Светската банка, преку ОБСЕ и ЕУ, “има поголема посветеност за појасен поглед и за побрзо решавање на проблемите на Балканот во иднина”, додека во регионот, како што додаде тој, “се уште има различни погледи, премногу минато и помалку иднина “.

Вучиќ кажа дека целта е да се отворат границите на Србија со сите во регионот, бидејќи тоа ќе овозможи слободен проток на стоки, капитал, услуги и луѓе.

-На целиот регион ќе му биде подобро, ако некој мисли дека со наметнување на такси  може да ги реши проблемите-тој греши. Сите го осудија овој чин, како и обидите да се укине името на Република Српска”, рече Вучиќ.
– Она што не оди , зошто јас не сум среќен, се политички односи во регионот, рече Вучиќ во изјавата за Хина и ХРТ на маргините на состанокот во Давос.

Тој додаде дека во регионот секогаш постојат “безбројни проблеми”.

-Вишокот на минато и недостастакоток на размислување за иднината, ова е веројатно карактеристика за сите нас и тоа е она што ќе мора да го смениме”, рече српскиот претседател, кој претходно учествуваше со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во панелот за Западен Балкан.

Тој нагласи дека двете земји имаат ужасна демографија и да многу граѓани се иселуваат.

“Мислам дека Србите и Хрватите како народи, не само Србија и Хрватска како држави, без разлика на емоциите кои не се секогаш добри, мора да имаат многу подобри врски ако сакаме да опстанеме. Мораме да работиме заедно, ќе мораме да се приближиме и тоа ќе се случи “, рече Вучиќ.