Вучиќ-Палмер: Стабилноста на Западен Балкан е еден од приоритетите на САД
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска преку видео врска разговараше со специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, Метју Палмер, со кого разгледа бројни регионални прашања, состојбата во врска со пандемијата Ковид-19, мерките за економското закрепнување и продолжување на дијалогот со Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
„Палмер и честиташе на Србија за исклучителниот успех во вакцинирањето, како и за помошта во вакцините што беа доставени до земјите од регионот. Тој особено ја истакна важноста на ваквата регионална политика, која е насочена кон солидарност и поврзаност, нагласувајќи дека во времиња на предизвици, земјите треба да најдат можност да ја изразат својата подготвеност за соработка“, се наведува во соопштенеито на Кабинетот на српскиот претседател.
-Разгледавме многу важни прашања, како и сите разлики што постојат меѓу нас, кажал Вучиќ, нагласувајќи дека еден од надворешно-политичките приоритети на Србија е во иднина да се изнајдат решенија што ќе значат подобри и поинтензивни билатерални односи меѓу САД и Србија.
„Американскиот официјален претставник истакна дека еден од приоритетите на САД е стабилноста и безбедноста на Западен Балкан и ја пофали конструктивната улога на Србија во регионалните иницијативи, како што е „малиот Шенген“ и бројните инфраструктурни проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот на сите граѓани во регионот и понатамошно подобрување и зајакнување на регионалната економска интеграција“, се наведува во соопштението.
-Србија ќе продолжи да се стреми кон постигнување вистински и одржлив компромис во решавањето на прашањето за Косово, истовремено штитејќи ги интересите на тамошните Србите, како и зачувувајќи ги државните и националните интереси на Србија, изјавил Вучиќ.
Палмер истакнал да САД го поддржуваат процесот предводен од ЕУ и изразил очекување дијалогот да продолжи наскоро, истакнувајќи ја важноста од спроведувањето на Бриселскиот договор и потврдувајќи ја посветеноста на САД за дијалог и разговори за спорните прашања.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија