Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора
Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат за надворешно-политичките можности, односите во регионот со посебен осврт на неодамнешните настани со Црна Гора.
Можно е, според извор на Блиц, претседателот Вучиќ, без оглед на мерките за реципроцитет, откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор, да побара смирување на страстите, не само поради големиот број Срби во таа земја, но и поради положбата на Србите во регионот.
Состанокот е закажан за во 18 часот во зградата на Претседателството на Србија.Најпрво амбасадорот на Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, беше прогласен за персона нон грата и од него беше побарано да ја напушти Црна Гора. Неколку часа подоцна пристигна првата реакција од Србија, која воведе реципрочни мерки. Според дипломатската нота испратена од Министерството за надворешни работи на Србија до Министерството за надворешни работи на Црна Гора, амбасадорот на Црна Гора во Белград, Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност