-->
-->
Вуцис: Договорот треба да биде изгласан од 151 пратеник
-->
Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, во разговор со грчките новинари рекол дека Договорот од Преспа треба да биде изгласан од 151 пратеник, бидејќи тоа е добро за земјата и дека ова мнозинство постои, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.-Договорот од Преспа, иако Уставот не го налага тоа, треба да биде изгласан од 151 пратеник за да има силна моќ, како во внатрешноста на земјата, така и во меѓународните организации, им рекол Вуцис на новинарите.
Додека, пак, во однос на сценариото да не добие 151 пратеник, претседателот на грчкиот Парламент објаснил дека тогаш „ќе постои прашање на ограничена одговорност во однос на толкувањето, но никој во меѓународните организации нема да постави прашање дека не е валиден“.
-Добро е за земјата и за парламентот да постои јасно мнозинство и мислам дека ќе постои, бидејќи е силен историски договор, коментирал Вуцис.
Прашан за тоа дали договорот оваа седмица ќе дојде на расправа во парламентот, Вуцис рекол дека не е запознаен со такво нешто и истакнал дека расправата ќе се одржи без брзање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
