За да се дефинира конечната вредност, потребна е анализа на структурата на цената на еден производ, сметаат економисти
Идејата за намалување на цените на 100 до 200 неопходни производи за нормално живеење, според економистот Глигор Ивановски е добра, но се сомнева дека ќе се постигне посакуваниот ефект. Ова од причина што постојат многу непознаници при дефинирање на финалната цена на производот кој му се пласира на купувачот.
- Се уште Владата не успеа да ја утврди структурата на цената. Владата треба да каже, на пример, во еден продукт што чини 100 денари, еве каква е структурата, производителот зема 60 % или 50%, трговецот на големо, дистрибутерот зема толку, трговецот на мало толку и вкупно да дојдеме до 100 денари. Ние се уште, ни како граѓани, а ниту на Владата, тие податоци не ни се познати. Идејата е добра, меѓутоа можеби требаше да се направи друг начин на утврдување на цените, да цената ја утврдува производителот, а во рамки на таа производна цена, производителот му дава рабат на трговецот, изјави Глигор Ивановски, економист
Ивановски додава и дека ако сакаме да имаме реално намалување, истиот производ во сите маркети и продажни места треба да се продава по иста цена.
- Ние целата стратегија ја базираме на претпоставки, а тоа не е добро, граѓаните бараат конкретни мерки, бараат стабилни цени или цените да паѓаат, изјави Ивановски
Многу е важно и цените на суровините од кои се произведува еден продукт да се намалат или најмалку да останат на исто ниво, во спротивно крајниот производ ќе мора да чини поскапо.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар