За два дена во 32 сообраќајки во Скопје, еден загинат, 25 лица повредени
Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди, во кои едно лице го загубило животот, а други 25 лица се повредени.
Сообраќајната полиција во понеделникот извршила увид на 15 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле осум лица, а шест се со последица материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски од СВР - Скопје, вчера извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди. Од нив, една незгода е со смртна последица, а 17 лица се повредени.
Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се четворица возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач за време на управување на возилото не го користел сигурносниот појас или го користел мобилниот телефон.
Санкционирани се и девет возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие два дена отстранети се 46 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор