За најдобрите 100 суденти Дебар обезеди бесплатни билети за превоз

Општина Дебар за најдобрите 100 студенти од општината кои студираат на универзитетите во Македонија, како и Приштина и Тирана, обезбеди по два повратни бесплатни билети во текот на еден месец , за целата учебна 2017/2018 година.
Врачувајќи им го овој вид признание за нивниот труд и постигнат успех градоначалникот на Дебар, Ружди Љата нагласи дека младите интелектуалци се иднината на општина.
-Ова не е помош,туку признание во знак на благодарност за вашето ангажирање. Вие сте индината и мозокот на Дебар, градот кој е познат по својата богата историја во областа на образованието, град на културата, соживотот и почитта. Дали Дебар ќе се унапредува или уназадува зависи од Вас. На Дебар му се потребни лекари, инжињери, правници, економисти и сите други професии, кои завршиле студии со труд и знаење, зашто само со знаење градот и општеството во целина може да одат напред, рече Љата пред студентите.
Претходно општината, врз основа на член 50 точка 11 од Законот за локална самоуправа и Статутот на општината распиша оглас и по разгледувањето на доставените апликации одлучи со оваа поволност на општината да бидат опфатени 100 студенти. Според пресметката општина Дебар ќе обезбеди средства за 1.000 повратни билети.
Општина Дебар бесплатни билети за превоз за најдобрите студенти за првпат обезбеди минатата академска 2015/2016 година.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
