За три месеци повратот на ДДВ во стопанството 5,9 милијарди денари

Вкупните даночни приходи наплатени во 2017 година заклучно со ноември изнесуваат 95 милијарди денари и се за четири проценти повисоки споредено со истиот период од минатата година. Тоа, според Министерството за финансии, укажува на поволни движења во стопанството.
Во периодот јануари-ноември, како што стои во соопштението, се забележува повисока наплата на сите главни категории на даночни приходи, односно има годишен раст кај персоналниот данок на доход од седум проценти, кај данокот на добивка од 8,9 проценти, кај акцизите од 5,3 отсто и кај увозните давачки од 9,1 отсто.
Приходите од ДДВ на бруто основа во периодот јануари-ноември се повисоки за 6,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Притоа, наплатата на приходите од ДДВ е особено зголемена во периодот од септември до ноември 2017 година, кога истата бележи раст од 9,7 проценти. Повратот на ДДВ во периодот јануари-ноември е за 3,3 милијарди денари, односно за 22,2 отсто повисок отколку истиот период во 2016 година. Соодветно, приходите од ДДВ на нето-основа во првите 11 месеци се за 1,3 отсто повисоки од соодветниот период претходната година.
Со оглед на поволните движења во наплатата на даночните приходи, и во заедничка координација на Управата за јавни приходи и Министерството за финансии, во последните месеци се реализира побрз и повисок поврат на ДДВ во однос на минатата година. Поточно, во периодот септември-ноември 2017 година, повратот на ДДВ во стопанството изнесува 5,9 милијарди денари, односно е за 26 отсто повисок отколку истиот период претходната година.
- Она што е исто така значајно е дека последните неколку месеци значително е забрзана и динамиката на реализацијата на повратот на ДДВ во насока на редовно, неселективно и навремено враќање на ДДВ-то до фирмите во рамките на законскиот рок. Имено, во последните месеци УЈП ја забрза постапката за обработка на барањата за поврат, што беше следено со значително забрзана исплата од Трезорот кон фирмите без притоа да се наруши ликвидноста во системот, стои во соопштнието.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
