-->
-->
Забранети посетите на Детската клиника во Скопје
-->
Од денеска забранета е посета на пациентите кои се лекуваат на Клиниката за детски болести, поради опасност од ширење на коронавирусот. Од Детска клиника соопштија дека откако се потврди првиот случај на забален од коронавирусот, забранет ќе биде влезот и за родителите на децата кои се лекуваат, јавува СДК.
„Најстрого ја забрануваме посетата на малите пациенти. Ги замолуваме роднините на децата кои се хоспитализирани, да имаат разбирање за оваа одлука, да не инсистираат на влез, бидејќи здравјето и безбедноста на детето е поваќно од сѐ. Вратарската служба нема да допушти влез на ниту едно лице кое не е хоспитализирано со дете. Се замолуваат и родителите кои веќе лежат на Клиниката со своите малечки, без нужна потреба да не ја напуштаат клиниката, и да ги превземат сите мерки на заштита“, велат од Клиниката за детски болести.
Попладнево министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во Македонија е регистриран првиот случај на заболен од коронавирусот. Станува збор за 50-годишна жена, која еден месец била во посета на Италија. Таа се наоѓа во одделот за изолација на Инфективната клиника, свесна е, ориентирана и дише слободно.
„Во случај на појава на симптоми, граѓаните да не шетаат по јавноздравствените институции, туку да ги повикаат надлежните епидемиолози за да биде организирана мобилна екипа што ќе ги прегледа во домашни услови“, рече министерот Филипче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево