Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букочани
Забрзано се гради автопатот од Гостивар до Букојчани, во должина од 31 километар, кој треба да биде готов до крајот на 2029-та година. 600 вработени и над 500 градежни машини се на терен и во моментов работат на најсложената делница, долга 11 километри. Автопатот, дел од Коридор 8, ќе ја поврзе Македонија со истокот и западот и ќе гарантира регионална стабилност.
Оваа Влада е целосно посветена на изградба на ваков тип на инфраструктура бидејќи поврзувањето, а и самата географска местоположба на државата треба да се искористи како предност, да се биде раскрсница во регионот е стратешка предност и како што кажа почитувана в.д. амбасадорка на САД во земјава, ние сме дел од НАТО Алијансата и на овој начин на реализирање на овие коридори се подобрува отпорноста и безбедноста во регионот, но и на Јужното крило на НАТО алијансата.
Изградбата на овој автопат ќе донесе значаен економски раст и поголем број туристи во земјава. Експропријацијата е речиси завршена, владата помага со логистика и финансиии, останува Бехтел и Енка навреме да го завршат својот дел, вели вицепремиерот Николски.
Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, околу 90 отсто од експропријацијата е завршена, до сега исплатени се околу 470 милиони евра што за буџет како Македонија е огромна сума. Исто така целата логистика државата ја дава и останува компаниите да си ја завршат работата. Драго ми е што стоиме на мост што е 40 метри висок, ова е добро за македонските градежни компании и оние што ќе се занимаваат со градежништво во иднина, тука се вклучени Градежниот факултет, Архитектонскиот факултет и следните генерации да можат на конкретни и живи проекти да учат - истакна Николоски.
Оваа делница е најскапа, затоа што поминува низ населени места, а предизвик се и дислокација на кабли и водоводни системи, вели првиот човек на патишта. Но кога ќе се заврши, значително ќе се скрати времето на патување од Скопје до Охрид
Коридор 8 е еден од најголемите инфаструктирни проекти, чија целосна должина изнесува 110 километри. Поделен е на 4 делници - Тетово Гостивар, Гостивар Бикојчнаи, Прилеп Битола и Струга Ќафасан. Го реализира американско турскиот конзорциум Бехтел и Енка, чија првична проценка беше на 1,3 милијарди евра и рок на изведба од 4 години и 7 месеци.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
