-->
-->
Заев: Да ги послушаме препораките на здравствените работници и на Синодот на МПЦ-ОА и да го прославиме празникот одговорно
-->
Премиерот Зоран Заев го честиташе денешниот празник Богојавление – Водици, на сите православни верници во земјава, на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и на сите свештеници и монашки братства и сестринства во манастирите во нашата земја.
-Со овој празник кој се слави во име на осветувањето на водите, во име на Христовото крштевање во реката Јордан, кога се јави Бог како бел гулаб, се осветува сè: водата и воздухот, природата и сите созданија, целата земја и сета вселена за очистување на човековата природа која со крштевањето станува нова твар и започнува нов живот, нова можност за обнова на високите универзални хуманистички вредности што ги споделуваме во нашата заедница, напиша Заев на Фејсбук.
Како никогаш досега, продолжува премиерот во честитката, во услови на пандемијата со Ковид-19, овој празник силно нѐ повикува да го просветлиме нашиот ум, да се очисти нашето срце и да се облагороди нашата душа, за да ги поминеме во здравје искушенијата на пандемијата.
-Оваа година да ги послушаме препораките на здравствените работници и на Синодот на МПЦ-ОА и да го прославиме празникот одговорно и со отворени срца да прифатиме дека оваа година ќе се лишиме од традицијата во име на идните празнувања на овој голем празник. Нека е вековит денешниот ден Богојавление – Водици!, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово