Заев-Герберих: Поддршка од Германија за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Томас Герберих, амбасадор на Република Германија во Република Македонија, соопшти владината прес-служба.
На средбата се поздравени реформските чекори на Република Македонија и добрососедските односи, што водат кон остварување на стратешките евро-атлантски цели на државава.
Германскиот амбасадор Герберих пренесе поддршка од Република Германија за евро-атлантските аспирации на Република Македониј. Истакна дека Македонија ја има мнозинската поддршка и од германскиот Бундестаг за пристапување на земјава во Европската унија.
Амбасадорот Герберих соопшти дека пратениците од германскиот Бундестаг се вратиле во Германија со позитивни импресии од посетата на Македонија, за конструктивните политики низ коишто се решаваат прашањата важни за напредок на државата.
- Владата е цврсто определена кон политики што ќе овозможат квалитетен реформски процес за доброто на граѓаните и за отворање на перспективите кон ЕУ и НАТО. Очекуваме во следните три месеци поместувања на тој пат, рече премиерот Заев.
На состанокот се разговараше и за важноста на Дигиталниот самит што ќе се одржи оваа недела во Скопје, како и за инвестициските можности што треба да придонесат кон економски развој на Република Македонија, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје
-
Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалициските партнери е во напредна фаза и се базира на принципи