Заев: Имаме можност како никогаш досега да излеземе гордо и да одлучиме за нашето место во ЕУ
Ова е историски момент кој е поголем од секој од нас, од нашите партии или кавги или лични интереси. Да ги оставиме различните убедувања и интереси за момент зад нас и да ја видиме светлината на Европа која не повикува, порача вечерва премиерот Зоран Заев на централната прослава по повод Денот на независноста и повика секој граѓанин да гласа на референдумот за да донесе одлука за, како што рече, нашата втора независност.
Тој на граѓаните им го честиташе Денот на независноста и потсети дека токму тие на 8 септември 1991 година ја донесоа историската одлука и гласаа за независност и суверенитет.
- Сега имаме можност како никогаш досега да излеземе гордо и да одлучиме за нашето место во братството на европските народи во Европската унија и да застанеме рамо до рамо рамноправни со најсилните земји на светот, членки на НАТО, истакна Заев.
Тој ги повика младите да се вклучат во според него, историската одлука која, како што рече, ќе го зацрта животниот пат на секој од нив.
- Бидете будни и гласни. Преземете конретен чекор на 30 септември. Вие одлучувате, за вас, за вашата иднина. Тој е изборот напред или назад. Светлина или темнина. Иднина или изолација. Семејство или осаменост, рече Заев.
Во својот говор премиерот се осврна и на придобивките од Договорот со Грција за кој нагласи дека го потврдуваат македонскиот јазик, дека граѓаните на оваа земја се Македонци и Македонки и дека македонската националност е признаена и потврдена за, како што рече, век и векови.
Заев се заблагодари на сите граѓани Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и на сите други етнички заедници што во овие моменти покажуваат другарско и братско разбирање и што даваат силна поддршка на своите сограѓани Македонци.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување