-->
-->
Заев: Лично ќе се заложам сонот на Гаврилов за „Фонд за медиуми“ да стане јавен
-->
Со оваа прерана смрт изгубивме искрен и посветен медиумски работник кој со својата храброст и подготвеност да се соочува со професионалните медиумски предизвици предничеше и постави стандарди за медиумскиот бизнис и за новинарството кои ќе останат запаметени како негови дела, истакнува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил за смртта на Горан Гаврилов, основач и сопственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис.-Со огромно неверување ја примив жалната вест за смртта на Горан Гаврилов, основач и сопственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис. Со Горан Гаврилов како основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми, јас и Владата, заради неговото познавање на оваа област и заради неговиот ентузијазам, имавме блиска соработка и комуникација за унапредување на условите за работата на медиумите. Она што лично го знам, од моите разговори со него е дека секогаш беше на страната на новинарите, вели Заев.
Пишува дека Гаврилов имал развиено и сериозен концепт и предлог иницијатива за основање на „Фонд за медиуми“ за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, како механизам за поддршка на професионалните ангажмани на медиумските работници.
– Лично ќе се заложам неговиот сон да стане јаве и ќе дадам поддршка за основање на Фонд за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, согласно неговата основна идеја, и по примерот на неколку европски земји ќе иницирам таквиот фонд да го носи името Горан Гаврилов. Во мое име и во име на Владата, на семејството на Горан и на неговите роднини и пријатели им изразувам искрено сочувство.
Нека е вечен споменот за Горан и за неговите достигнувања. Слава му, наведува премиерот Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
