Заев: Македонскиот фудбал е национална гордост
„Македонскиот фудбал е национална гордост. Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до сите наши навивачи, покажавме што значат гордост и европски манири среде Европа. Европа знае, Европа виде – Македонија е тука, гласна, силна, на терен и на трибини. Еден тим, една држава, едно општество“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по натпреварот Македонија – Холандија, што заврши 0:3, а кој тој го следеше од трибините во Амстердам заедно со холандскиот премиер Марк Руте.
Тој се заблагодари и до УЕФА, за, како што напиша, одличната организација и за професионалниот однос кон нашата репрезентација.
-Се вложивме сите во спортот, навивавме заедно, се исправивме против омразата. Покажавме заедништво и обединетост. Од сѐ срце упатувам честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија. Нека пласманот на ова Европско првенство биде само почеток на многуте интернационални успеси, напиша Заев.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња