Заев: Од почетокот на кризата Владата носи сеопфатни мерки за стопанството и граѓаните
Од самиот почеток на кризата, Владата носи сеопфатни мерки во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции, со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил во врска со шестиот антикризен пакет што беше презентиран денеска.
Заев потсетува дека шестиот пакет вреден 17,8 милиони евра, опфаќа седум мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона-кризата. Со нив, како што наведува, ќе се поддржат 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани.
-Со мерките се предвидени:Финансиска поддршка од 9,9 милиони евра за 6.000 угостители со околу 17.000 вработени; Со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, „евент“ индустријата, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија; Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра;
Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари и туристички водичи;
Околу 2 милиони евра се наменети за поддршка за ликвидноста на компаниите;
Со 1 милион евра ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма;
Бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата, стои во објавата на премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто