Заев по Нова година во улога на политичар планира неформална средба со Борисов

Премиерот Зоран Заев по Нова година планира како политичар, а не како премиер, со оглед на тоа што ќе има техничка влада пред изборите најавени за 12 април, да замине во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, со кого меѓу другото ќе поразговара за работата на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.
Како што брифираа од Владата, средбата може да помогне да се придвижат работите на Комисијата, но додаваат дека додека земјава е во изборен процес не е паметно да се влегува во решавање на прашањата за кои двете земји засега не ги приближиле ставовите, како што е прашањето за Гоце Делчев.
За можноста да се одржи една таква неформална средба по празниците, како што брифираат од Владата, станало збор вчера на носачот на авиони „Хари С. Труман“, каде што Заев, заедно министерка за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот на Собранието Талат Џафери, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД Кејт Бернс, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили во Неапол.
На „Хари С. Труман“ беа премиерот на Бугарија Бојко Борисов и министерот за одбрана во бугарската влада Красимир Каракачанов.
МИА веќе објави за барањето на македонските историчари од Комисијата следната формална средба да се одложи до завршување на изборите во Северна Македонија.
– Како на пример, забелешки за учебниците по историја и усогласување на препораките за нивно подобрување. Овој предлог е даден со цел да го заштитиме процесот што го започнавме со колегите од Република Бугарија, а тоа е градење добрососедски односи преку решавање на отворените спорови поради различното толкување на минатото, посочуваат за МИА македонските историчари.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
