Заев: Посакувам, но не верувам дека името ќе се реши за две недели
Премиерот Зоран Заев не верува дека за две недели може да се реши спорот за името, коментирајќи ја изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оти Скопје и Атина можат да постигнат договор во наредните 15 дена.
- Еврокомесарот Јоханес Хан е голем пријател на Македонија и дај Боже тој да има информација што за две недели би завршиле. Јас тоа го посакувам, но верувам дека не е можно затоа што утре имаме средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи. Знам од прилика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме. Генерално тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската унија затоа што сигурни сме дека ако имаме решение дотогаш, покрај тоа што заслужуваме, ќе добиеме дефинитивни и најсилни гаранции оти ќе добиеме датум за преговори, рече Заев.
Во однос на поканата за НАТО, псочи оти е познато дека таа се добива автоматски.
- Убаво е за две недели да го решиме, тоа ќе значи почеток на автоматската покана за НАТО третата недела од денеска преку ратификацијата во земјите членки. Но, верувам дека се работи за недели пред нас, но мислам дека две недели се премалку, рече Заев.
Поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон, пак, истакна дека останува на Македонија и нејзиното раководство, на Владата, на премиерот, на опозицијата, на претседателот, како и на луѓето самите да донесат одлуки.
- Она што ќе го побарам од луѓето во земјата е да размислуваат за иднината. Некои прашања се толку многу важни што идните генерации треба да им се заблагодарат, и во Грција и во Македонија. Идните генерации очекуваат од постарите генерации да дејствуваат и да направат плодно тло со нивната активност, рече Робертсон на новинарско прашањ
Ново на Сител
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
