Македонија
13. December 2019 - 15:10

Заев: Работни групи ќе ги разгледаат модалитетите за имплементирање на препораките на Венецијанската комисија

– На основа на работни групи ќе се разгледаат сите модалитети како да се имплементира препораката на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Веќе им е дадено на стручните луѓе во Владата и во делот на правосудството, затоа што се работи за дво-третински закони кои што не можат да биде дерогирани со просто мнозинство. Многу е важно правдата да важи еднакво за сите и да не биде дерогиран било каков процес со било кое право што е овозможено, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата за проширување на булеварот „Никола Карев“.