Заев: Секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка од САД
Традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот. Посебно значајно е што новата администрација на претседателот Бајден го најави уште поголемото присуство на САД во Европа за реафирмација и развивање на силното транс-атлантско партнерство, ова го порачува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук статус по повод 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, ден со кој, како што вели, се одбележуваат 245 години од усвојувањето на Декларацијата на независноста.
-Како стратешки партнер на САД, Македонија е посебно горда што од 2020 година, Македонија и САД се сојузници и во НАТО, најсилната воено-политичка алијанса во историјата на светската цивилизација. Од нашата независност до денес, нашата држава во САД има голем и посветен партнер и поддржувач и секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со бевме соочени, вели Заев во својот фејсбук статус.
Нашите граѓани, додава, денес уживаат поголеми слободи и права, во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава и заради нашето партнерство и сојузништво со САД, и заради поддршката што земјата континуирано ја добива низ разните програми за поддршка на развојот на нашата демократија и институции.
-Во мое лично име, во име на Владата и во име на сите граѓани на Македонија, им го честитам 4 Јули, на сите граѓани на САД, порачува Заев на ФБ.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци