Заев: Семејните слави честитајте си ги телефонски
Премиерот Зоран Заев со фејсбук статус апелира до граѓаните на Република Македонија да нема собирања по домовите и прославување на славите.
„Почитувани граѓани,
Пред нас се зимските празници, традиционално придружени со семејни собири. Но, за жал, ние сме во најинтензивниот бран на ширење на коронавирусот. Од тие причини беа донесени и последните мерки и препораки за граѓаните да ги носат маските на отворено за лична и за заштита на другите и да не се групираат.
Со приближувањето на зимските празници, апелирам да нема собирања по домовите. Да останеме скромни, воздржани и одговорни за време на славите и имендените оваа година. Тие ќе бидат тука и идната година, и тогаш, здрави и живи, ќе си честитаме и ќе прославиме согласно традицијата.
Оваа година да си посакаме здравје и живот, и „за многу години славата и вечно име“ преку телефон, со порака, со видео повик. Ништо нема да ја намали искрената желба што на тој начин ќе им ја упатиме на славениците и на домаќините за нивните домашни слави.
Сите мора да прифатиме дека оваа ситуација ќе потрае, но со дисциплина околу мерките за заштита можеме значително да го успориме ширењето на вирусот и да се заштитиме.
Нема импровизации со заканите од ширењето на КОВИД-19. Тој што не ги почитува мерките за заштита го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи од нив и се однесува несериозно – загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот.
Немаме друг избор освен секој од нас да биде одговорен и да го даде својот личен придонес да ја запреме оваа пандемија, за да дојдат моментите на стабилизирање и намалување на рестрикциите, додека не биде достапна вакцината.
Во деновите на семејните празници да останеме дома, да не се групираме. Сите заедно да помогнеме и на себе и на нашите семејства. Да им помогнеме на лекарите, на медицинските сестри и на другиот медицински персонал, да ѝ помогнеме и на државата.
Чувајте се, придржувајте се до мерките, останете дома и во добро здравје.“ порача премиерот Зоран Заев.

Ново на Сител
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
-

Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
-

ДЗР констатирал слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година
-

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател
-

Двајца мртви и повеќе од 30 повредени во пожарот во германската болница
-

Најмногу дожд во Скопје и Куманово, во Црешево измерени 74 литри на метар квдратен
-

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на речиси три илјади
