-->
-->
Заев: Со Албанија и Хрватска си подадовме рака пред 16 години, посилни и помоќни сме заедно
-->

Сликата која ја имаме денеска пред нас, припадниците на трите армии заедно како едно, навистина буди емоции. Македонија, Албанија и Хрватска уште пред 16 години со потпишувањето на Јадранската повелба си подадоа рака и решија дека заедно ќе чекорат на патот кон Алијансата. Тоа значи заедно и во добро и во лошо, и кога славиме и кога треба да си помогнеме кога тешко, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното обраќање на концертот на воените оркестри на Македонија, Албанија и Хрватска.
-Патот кон сојузништвото за Македонија беше малку подолг, но соработката, поддршката која меѓусебно си ја дававме никогаш не изостана. Тоа е видливо и денес кога конечно ја исполнуваме целта трите земји заедно посилни сојузници во НАТО Алијансата. Убеден сум дека исто како за време на сите заеднички вежби и обуки, така и денеска на културната сцена ќе помажеме дека функционираме хармонично, дека дишеме како едно, дека сме посилни и помоќни заедно, истакна Заев.
Според него, оваа година за нашата држава и граѓаните е историска.
-Вечерва одбележуваме неколку значајни датуми за Македонија кои не водат кон звукот на Алијансата: 6 февруари кога беше потпишан Пристапниот протокол за НАТО, 8 февруари кога беше изгласана првата ратификација на Протоколот, помалку од една недела подоцна на 13 и 14 февруари кога првпат седнавме на масата на Алијансата. Албанија го ратификуваше Протоколот на истиот датум, на 14 февруари, а веднаш потоа меѓу првите и Хрватска на 1 март. На 4 декември за првпат учествувавме на Лидерскиот самит на НАТО. Тоа се историски датуми, историски моменти кои засекогаш ќе бидат запишани. Сето тоа го постигнавме со голема храброст, со одлучност, со посветеност, со голема поддршка од нашите пријатели, а особено од нашите соседи, напомена премиерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово
-
Трамп критикуван од муслиманските организации за навредата кон конгресменот Шумер кого го нарече Палестинец
-
Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск
-
Гутереш: ОН поведува иницијатива за сопствена реформа во пресрет на 80-годишнината од формирањето
-
Идниот премиер на Гренланд ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот
-
Сиљановска Давкова на Баку форумот: Да понудиме перспективи за врвниот заеднички интерес за траен мир
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“
-
Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР