Заев среќен таму каде се понижува Македонија
Лидерот на СДСМ Зоран Заев очигледно најсреќно се чувствува онаму каде се понижува Македонија. На Заев се чини воопшто не му се пречи негирањето на Македонија.
Заев на вчерашниот натпревар меѓу Шкендија и белгиски Гент одигран на арената „Филип Втори“, седеше во ложата за која добил ВИП покана правејќи си селфи фотографии, додека на само неколку метри од него се вееја знамиња на УЧК и карта со голема Албанија.
Очигледно тој не се тревожи кога во неговата татковина му праќаат покани со „FYR Macedonia“ или пак воопштво не ја спомнуваат државата.
Политичката поддршка од балистите за лидерот на СДСМ е поважна од негирањето на Македонија, па така Заев немаше никаков проблем да се најде во друштво на оние кои вејат знамиња на УЧК, карти на голема Албанија, и знамиња со ликот на балистот убиец на партизаните, Џемо Хаса.
Поддршка за присуството на натпреварот Заев преку социјалните мрежи доби и од балистите.
Џемаил Хасани или Џемо Хаса (албански: Xhemail Hasani) е роден во Симница, гостиварско, во 1908 година. Познат е и како Џемо Балистот, Џем Хаса, Џемо Симница.
Тој бил балист од Македонија, лидер на Бали Комбетар за Западна Македонија. Според податоците објавени на „Википедија“, него Италијанците претежно го искористиле за борба против партизаните и му давале месечна плата од 50 илјади леки.
Бил роден во многудетно и сиромашно семејство. Уште како дете почнал да работи земјоделство на татковиот имот. Поради тешката сиромаштија и самиот албански отпор кон српската окупација во Македонија, потпомогната со изборот на Албанија да се приклучи кон фашистичката оска, кај Џемо се јавила желбата за војување.
Во почетокот заминал да војува во јужниот дел на Албанија. За својата ефикасност е прогласен за воен офицер лично од кралот на Албанија, Ахмед Зогу. Во почетокот на 1941 година се враќа во Македонија, каде што започнува со ѕверства врз македонското население. Дејствувал во цела Западна Македонија.
Во почетокот на 1945 година Џемо Хаса и уште триста други души, во близината на мостот на реката Маздрача, кај селото Жеровјане, на патот Тетово-Гостивар, почнале борба со партизаните, каде што стрелале седум души. Со вооружени балисти тој се движел низ западните делови од земјава и вршел терор врз македонското население, како и врз партизаните. Се борел на страната на фашистичкиот окупатор.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања