Заев за обвинувањата против Рашковски: Пред фактите и Боговите молчат
Премиерот Заев на прашање, во интервју за „Фокус“ истакнувајќи дека поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски не ја злоупотребил функцијата, оцени дека Рашковски не е виновен во моментов, туку ќе биде виновен доколку се исполни и докаже сомнежот за злоупотреба.
„И денес тврдам дека не ја злоупотребил функцијата и има спроведено кристално чисти јавни набавки. Останувам на ставот дека Владата може да нарачува софтвер без да праша никого, а на министерството е дали ќе го користи“, вели Заев за „Фокус“ и се согласува дека неговото мислење не го обврзува Судот.
„Така е, како што јас не мора да се согласам со обвинителката Русковска и со она што таа го тврди. Сум имал спротивни ставови и околу притворите за Миле Јанакиевски и за Гордана Јанкуловска, кога кажав дека притворот не смее да биде казна, туку само обезбедување на присуство. Секој што се огрешил од законот, треба да одговара. Но, што е различно со оваа власт? Законот важи за сите и никој не е заштитен или изземен од законот, без оглед дали станува збор за бившиот генерален секретар на Владата, што важи за еден од моите најблиски соработници. Тоа порано не можеше ниту на сон да се замисли“, додава премиерот Заев.
На прашањето дека сепак на крајот последниот збор го имаат Обвинителството и Судот, премиерот Заев за дневниот весник посочува:
„Пред фактите и Боговите молчат, ако победи аргументацијата на Обвинителството и на Судот, јас можам да не се согласувам, но ќе морам да се поклонам и да ја испочитувам“.
Ново на Сител
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
-

„Окта“ повторно воведува попуст - два денари за бензините до средината на јуни
-

Министерот Ристовски упати честитки за млади борачи – медлисти на ЕП У15, борењето има иднина!
