Заев: Законот мора да важи еднакво за сите
Оваа Влада се што затекна како можен криминал го процесуираше до Обвинителството. По мои информации се работи за десетици и десетици потентцијални предмети за истрага од страна на Јавното обвинителство кое што секако ќе каже дали има некаде основани сомневања за отворање можни судски постапки за било кој што потенцијално се огрешил пред закон, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.
Тој истакна дека во државата законот мора да важи еднакво за сите и оти никој не смее да помисли да влијае врз носењето на правосудските одлуки.
- Зборувам отворено ако сака нека е од СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ВМРО, Беса, од сите политички партии во државата, законот мора да важи еднакво за сите. Нема да има ни „П“ од правна држава ни „Р“ од реформите ако се обидеме макар да помислиме некого да го заштитиме исправен пред правдата, истакна премиерот.
Тој додаде дека судиите и обвинителети се дожни да носат одлуки согласно Устав и закон и согалсно сопствено убедување. - Убеден сум дека сите мораме да работиме во функција на охрабрување на институциите на системот меѓу кои и на правосудните во државата. Ова е многу важно ако сакаме да бидеме норална земја, рамноправен партнер на европските земји, делењето на правдата мора да биде исклучиво независно со целосно растоварување од какво било влијание на луѓето во правосудството кои ги носат одлуките, рече премиерот и додаде дека ниту помислил, ниту пак добил информација дека некој на некаков начин влијаел во Државното обвинителство или СЈО за можни потенцијални предмети на осомничени лица кои можно биле под истрага или ќе бидат под истрага.
Охрабри владеење на законот и потенцира дека мора да има владеење на правото. Правната држава, оцени, е столбот на секоја земја, така мора да биде и кај нас и дефинитивно законот мора еднакво да важи за сите.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
