Захариева изрази надеж дека преговорите меѓу ЕУ и Скопје ќе почнат на есен
Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева, за време на јавна расправа по повод почетокот на финското претседателство со Советот на ЕУ, изрази надеж дека октомври нема да биде следниот месец во кој ќе се одложи поканата за членство на Република Северна Македонија и Албанија.
Захариева изрази задоволство што програмата на финското претседателство ја вклучува и темата за проширувањето. Таа истакна дека поканата кон Република Северна Македонија и Албанија нема да биде лесен компромис, но изрази надеж дека овој пат ветувањето за октомври ќе биде исполнето. Таа изрази и жалење што разликите кои ги имаат земјите во Европската Унија стануваат се повидливи за останатите држави во светот.
– Проширувањето е еден многу важен проблем и ние очекуваме дискусии, за да најдеме добро решение во октомври за Западен Балкан, изјави финската амбасадорка во Бугарија Пајви Блиника.
Таа изрази убеденост дека соработката со Бугарија во таа насока ќе биде многу добра.
– Нова, зелена и социјална Европа е најважниот приоритет за Финска, заедно со заштитата на граѓаните и нивните слободи. ЕУ треба да се обиде да работи заедно и ефективно, рече Блиника.
Форумот го организираше „Пан Европа Бугарија“, Амбасадата на Финска во Бугарија и Фондацијата Конрад Аденауер.
Ново на Сител
-
Уапсен 20 годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Железничката несреќа кај Темпи и понатаму главна тема во Грција
-
Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури
-
Пожарникарите се борат со речиси 200 шумски пожари во Северна и Јужна Каролина
-
Калас: Вашингтон го промени ставот по разговорите со Русија
-
Одеци по лондонскиот самит: Чекор напред со многу ветувања, а малку конкретни одговори
-
Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН
-
Во текот на една недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар